Војната против Русија во својата идеолошка димензија

Војната против Русија во својата идеолошка димензија

Војната која што следува, како концепт

Војната против Русија, засега е најкоментираната тема на Западот. Се уште е во фаза на предлог и можност.  Може да се претвори во реалност, но тоа зависи од одлуките кои ќе ги донесат сите страни замешани во украинскиот конфликт – Москва, Вашингтон, Киев и Брисел.

Не сакам тука да ги дискутирам сите аспекти и историјата на овој конфликт. Наместо тоа, предлагам анализа на длабоките идеолошки корења. Мојата визија за главните случувања се основани на „Четвртата политичка теорија“ (книга издадена од Александар Дугин, руски философ, политиколог, аналитичар, историчат н.з) чии принципи ги имам опишано во книгата со истоимениот наслов.

Јас нема да ја анализирам војната на Западот со Русија од гледна точка на ризиците, опасноста, прашањата, цената или последиците туку од гледна точка на идеолошкото значење на глобален план. Размислувам за смислата на таквата војна, а не за војната сама по себе (реална или замислена).

Суштината на либерализмот

Во модерниот Запад има само една владејачка идеологија – либерализмот. Има многу типови, верзии и форми, многу нијанси, но суштината е секогаш иста. Либерализмот во совјата внатрешна, фундаметална структура ги содржи следниве аксиоматски принципи:

  • Антрополошки индивидуализам (индивидуализмот, индивидуата е мерило на сите работи);
  • Прогресивност (светот оди кон подобра иднина, минатото е секогаш полошо од сегашноста);
  • Технократија (техничкиот развиток и евективните перформанси се земени како најважен критериум за оценување на природата на едно општество);
  • Еуроцентрализамот (Евро-Американските општества се прифатени како стандардна мерка за оценување на остатокот од човештвото);
  • Економијата е иднината (пазарот на слободната економија е едниствениот нормативен економски систем – сите останати системи треба да се реформираат или уништат);
  • Демократијата е владеење на малцинствата (бранејќи се себе си од мнозинството кое секогаш се стреми да мутира во тоталитаризам, „популизам“);
  • Средната класа е единствениот реален социјален актер и универзална норма (независно од фактот – дали една личност се вбројува во оваа класа или е на пат кон истата);
  • Еден збор – ГЛОБАЛИЗАМ (човечките суштества се сосема едно со само една разлика – индивидуалната – светот треба да биде интегриран на индивидуална база, т.е. космополитизмот – светско граѓанство – граѓанство во смисла на citizenship).

Ова се основните вредности на либерализмот и се манифестација на една од трите тенденции кои датираат од ерата на Просветлувањето, на иста страна со комунизмот и фашизмот, кои што понудија различни алтернативни толккувања на духот на Модерната. За време на XX-от век, либерализмот ги победи своите ривали и по 1991 година остана единствената доминантна идеолгоија на светско ниво. Единствена слобода на избор во светот на глобалниот либерализам беше помеѓу левиот, десниот и радикалниот либерализам, кои исто така ги вклучуваа, крајно десниот, крајно левиот и крајно радикалниот либерализам. Па така либерализмот беше поставен, инсталиран, како оперативен систем врз западните општества и сите останати општества кои што се наоѓаа во зоната на западното влијание. Во одреден момент се претвори во општ именител за било какво политички точен дискурс, печат на прифатените од страна основната светска полтика или печат на одбиените до линијата на маргиналноста. Основната мудрост се преточи во либералност. Геополитички, либерализмот беше впишан во централистичкиот модел на САД, каде што англосаксонците се етичката срцевина, а атлантското Евро-Американско партнерство, НАТО, го претставува стратешкото јадро на светскиот безбедносен систем. Светската безбедност беше изедначена со безбедноста на Западот и на крај со американската безбедност. Така, либерализмот не само што е идеолошка моќ, туку и политичка, воена и стратешка моќ. НАТО го содржи либерализмот во своето јадро, бранејќи ги либералните општества и борејќи се за либерализам.

Либерализмот како нихилизам

Има една точка во либералната идеологија, која што е одговорна за сопствената актуелна криза. Либерализмот длабоко во своето јадро е нихилистичко. Неколкуте вредности кои што се штитени од либерализмот, се есенцијално поврзани со главните тези – слободата, ослободување. Но слободата во својата слободна верзија е негативна категорија; тврди дека е слободна ОД (J. С. Мил), a не да биде слобода ЗА. Не е секундарен, туку е главниот проблем.

Либерализмот се бори против секаква форма на колективен идентитет, против сите типови на вредности, проекти, стратегии, цели, кои се колективни, или во најмала рака неиндивидуални. Ова е причината поради која што еден од најистакнатите теористи на либерализмот Карл Попер (исто така и Ф. В. Хајек), дефинираше во својата книга „Отвореното општество и неговите непријатели“ (која Џорџ Сорос ја смета за своја библија), тврдејќи дека либерализмот треба да се бори против секоја идеологија или политичка философија (од Платон и Аристотел до Маркс и Хегел) кој што ќе му понуди на човечкото општество било какви заеднчки цели, вредности, смисла. Секоја цел, секоја вредност, секоја смисла во либералното општество (отвореното општество) треба да е строго индивидуална. Па така, непријатели на отвореното општество се точно определни (поточно после 1991 западното оштество и глобалната норма за остатокот од светот се смета дека е токму оваа форма на либерален модел за отворено општество). Главните непријатели се комунизмот и фашизмот (двете кои потекнуваат од иста философија на Просветлувањето со централни неиндивидуални концепти – класата во Марксизмот, расата во Национал-социјализмот, и националната Држава во фашизмот). Па така, смислата на борбата која ја води либерализмот против постоечките Модерни алтернативи (фашизам или комунизам) е очигледна. Либералите тврдат дека го ослободуваат општеството од фашизам и комунизам, од две главни модерни верзии на (кои се строго неиндивидуалистички) тоталитаризам. Борбата на либерализмот во процесот на ликвидирање на нелибералните општества е доста значајна: се стекнува со значење од фактот дека постојат идеологии кои строго ја одбиваат индивидуалноста како највисока вредност. Јасно е против кого се води борбата. Слобода од тоа што е на нишан. Но фактот дека слободата (како што е замислена од либералистите) е есенцијално негативна категорија, е недоволно јасна. Непријателот е тука и е очигледен. Тој факт му дава на либерализмот конкретна основа. Нема отворено општество и неготово фактичко постоење е доволно за да се оправда процесот на ослободување.

Еднополарен период: закана од имплозија

Во 1991 година кога СССР, последниот противник на Западниот либерализам се сруши, некои западни философи (како Френсис Фукујама) прогласија „крај на историјата“. Доста логично: повеќе не постоеше непријател на отвореното општество,  па следствено нема повеќе историја, кој што ја имаше за време на Модерната, поточно борбата помеѓу трите политички идеологии (либерализмот, комунизмот и фашизмот) за наследството на Просветленоста. Тоа беше, говорејќи од стратешка гледна точка, еднополарен момент (Ch. Krauthammer). Овој период од 1991 до 2014 со средишна точна на 11. Септември 2001 година, со нападите на Светскиот трговски ценатр од страна на Бин Ладен, навистина беше период одбележан од глобалната доминација на либерализмот. Аксиомите на либерализмот беа прифатени од основните геополитички актери, вклучувајќи ги Кина (во економијата) и Русија (идеолошки, економски и политички). Имаше либерали и налик либерали, се уште нелиберали, недоволно либерали итн. Вистински и експлицитни исклучоци се неколку (Иран, Северна Кореа). Па светот според својата идеошлока аксиома стана либерален. Ова беше несоменно, најважниот момент во историјата на либерализмот. Ги порази совите непријатели (комунизмот и фашизмот), но воедно и изгуби. Либерализмот е слобода, борба против се’  што не е слободно (се уште или воопшто). Па затоа од своите непријатели, либерализмот се стекна со своето вистинско знаечње, со својот контекс. Кога изборот не е слобода (олицетворено во конкретно тоталитарно општество) или слобода, многумина одбираат слобода, не употребувајќи ја слободата за нешто, слобода за да направат нешто... Кога има нелиберално општество, либерализмот е позитивен. Тој ги покажува своите негативни карактеристики само после победата.

После победата во 1991 година, либерализмот стапи во фаза на имплодирање. Откако го порази комунизмот како и фашизмот, остана сам. Без непријател против кого може да се бори. И тоа беше моментот да се почне внатрешната борба, либерална чистка на либералните општества, обидувајќи се да ги убие последните нелиберални елементи, сексизам, политичка некоректност, неравенството помеѓи половите, секој однос помеѓу неиндивидуални димензии како Држава, Црква итн. Па така, либерализмот има потреба од непријател од кој што ќе се ослободи. Во спротивно ќе го загуби својот контекс, неговиот нихилизам ќе стане премногу очигледен, истакнат. Апсолутниот триумф на либерализмот е во неговата смрт. Тоа е идеолошкото значењена економските кризи во раната 2000-та и од 2008-та година. Успехот, а не поразот на сосема нова финансиска економија (на турбокапитализам според G. Lytwak) се одговорни за падот на либерализмот. Слободата да се прави се’ што ќе  посакаш, но само на индивидуална база, провоцира имплозија на личноста.  Човекот преминува во инфра-човечка сфера, во суб-индивидуална сфера. И тука тој се соочува со виртуелноста. Како суб-индивидуален сон, слобода од се’. Тоа е човековото испарување. Пост-модерната го подготвува теренот за тој пост-историски самореферницаран тек на рециклирањето глупости.

Западот има потреба од Непријател

Сигурно ќе се запрашате: што по ѓаволите има ова врска со (претпоставената) војната со Русија? Сега сум подготвен да одговорам.

Либерализмот е расширен на глобално ниво. 1991 Година е фактот што го потврдува тоа. И веднаш почна да имплодира. Пристигна до одредена точка и почна да се самоуништува. Масовната миграција, судирот на култури и цивилизации, финансиски кризи, виртуелен тероризам, растењето на етницизмот се знаци на хаосот кој следи. Тој хаос му се заканува на Поредокот. Секој вид на поредок, вклучувајќи го и либералниот. Колку што повеќе либерализмот напредува, се’ повеќе се доближува до својот крај. И крајот на сегашниот поредот во светот. Тука ние се соочуваме со нихилистичката есенција на либералната философија, со ништо како внатрешен (јас) онтологистички принцип на слобода ОД. Арнолд Гехлен (Arnold Gehlen) германски антропологист, го дефинираше човекот како „лишено суштество“, вo Mangelwesen. Човекот внатрешно е ништо. Се зема во предвид се’ што го прави човечкиот идентитет, од општеството, историјата, луѓето, политиката. Па доколку човекот се врати кон неговата чиста есенција, тој таму нема да препознае ништо. Бездната е сокриена позади распарчени остатоци од чувства, нејасни мисли, чудни страсти. Виртуелноста на субчовечките емоции е тенок превез, позади него се наоѓа чиста темнина. Па така експлицитното откровение на оваа нихилистичка основа на човековата природа е последното достигнување на либерализмот. Но тоа е крајот. Исто така крај и за оние кои го користат либерализмот за нивни сопствени цели, оние кои имаат корист од либералното проширување, водачите на глобализацијата, (Левијатаните – м.з.). Секој поредок пропаѓа по пројавата на таков нихилизам. Либералниот исто така. Па во надеж дека ќе се заджи власта на сите водачи на либерализмот (Левијатаните – м.з), прават еден чекор назад. Либерализмот ќе ја задржи својата смисла ако уште еднаш се соочи со нелиберално општество. Еден чекор назад е едниствениот начин да се спаси остатокот од Поредокот, да се спаси либерализмот од самиот себе си. Па така путиновата Русија се појавува на хоризонтот. Не антилиберална Русија, не тоталитарна, не националистичка, не комунистичка. Но се уште не доволно либерална, не во полност либерално-демократска, не доволно космополитска, не доволно радикално анти-комунистичка. Но на патот кон станување либерална. Чекор по чекор. Во процесот на грамацистичкото (се мисли на Антонио Грамсци, еден од основачите на италијанската комунистичка партија, затворен од Бенито Мусолини – м.з.) подесување на хегемонијата, трансформирање. Но глобалната агенда на либерализмот (САД, НАТО) има потреба од уште еден актер, за друга Русија која што ќе го оправда либералниот Поредок, која ќе помогне во мобилизирањето на Западот, кој што се распаѓа од внатрешни проблеми, ќе му зададе неизбежни прекини на внатрешниот нихилизам и ќе го спаси либерализмот од својот логичен крај кој наближува. Тоа е причината зошто нив им се потребени Путин, Русија, војна. Тоа е единствениот начин да се спречи хаосот на Запад и да спаси остатокот од Поредокот (либералниот), бидејќи тоа е единствениот непријател кој му дава смисла на либерализмот да се бори за отворено оштество, кое ќе помогне да се консолидира и да продолжи да се зацврстува себе си, глобално.

Радикалниот ислам (ал-Каеда) беше уште еден кандидат за оваа улога, но на таков непријател му недостигаше раст. Беше искористен, но на локално ниво. Ги оправда интервенциите во Афганистан, окупацијата на Ирак, помогна да се отстрани Гадафи, да се започне граѓанска војна во Сирија. Но беше премногу слаб и идеолошки примитивен за да претставува вистински предизвик потребен на либералите.

Русија, традиционалниот геополитички непријател на англо-саксонците, е многу посериозен противник. Ги исполнува сите барања, историјата и студента војна се се уште живи во меморијата и во умовите. Омразата кон Русија е најлесна работа да се испровоцира со најмалку употребување на енергија. Па зошто јас сметам дека војната со Русија е возможна? Потребна е идеолошки како последна надеж за да се успори крајната имплозира ја либералниот Запад. Еден чекор назад!

Да се спаси либералниот поредок

Земајќи ги во предвид различните основи на овој концепт „војна со Русија“ предлагам неколку точки:

  • Војната со Русија ќе помогне да се успори општиот хаос на глобално ниво. Мнозинството на државите кои се вклучени во либералната економија, кои ги споделуваат аксиомите и институциите на либералната демократија и кои се зависни или директно контролирани од САД и НАТО, ќе се консолидираат уште еден пат на страната на либералниот Запад во својот поход против нелибералниот Путин. Ќе послужи како реафирмирање на либерализмот како позитивен идентитен во време кога овој идентитен се разрушува поради својата нихилистичка есенција.
  • Војната со Русија ќе го зајакне НАТО и над се’ неговите европски членови кои ќе бидат обврзани, уште еднаш да ја признаат американската хиперсила како нешто позитивно и корисно. Во стравот од надоаѓачките злобни Руси, Европјаните ќе се почувствуваат повторно лојални кон САД, нивниот спасител. Па така водечката улога на САД и НАТО ќе биде уште еден пат афирмирана.
  • Европската унија се распаѓа. Општата закана од Русија може да го спречи тој процес, мобилизирајќи ги општествата и мотивирајќи ги уште еднаш да ги бранат своите слободи и вредности под притисокот на путиновата империја.
  • На хунатата во Украина и Киев им е потребна војна за да ги оправдаат и прикријат своите злосторства (остварени за време на т.н. Мајдан) на правно и конституционално ниво, да ја суспендираат демократијата (кој што ќе го попречуваат нивното владеење во Југо-источните, доминантно проруски области) и да го инсталираат националистичкиот поредок со екстра методи.

Единствената држава која сега не сака војна е Русија. Но Путин не може да дозволи радикална, антируска влада да води земја која половина е населена со Руси и многу проруски настроени области. Па така неволно тој прифаќа војна. И кога веќе ќе се влезе во истата, нема друга опција за Русија освен да победи!

Не сакам да шпекулирам за стратегиските значења на војната. Го оставам тоа на други квалифицирани аналитичари. Јас сакам да формулирам некои идеи, кои се однесуваат на идеолошката димензија на таа војна.

Путин во рамка

Значењето на оваа војна против Русија е последниот обид да се спаси либерализмот од имплодирање. Па така, либералите треба да ја дефинираат путиновата Русија идеолошки, таа ќе биде дефинирана како непријател на отвореното општество. Но во речникот на модерните идеологии има само три главни верзии. Либерализам, комунизам и фашизам (нацизам). Очигледно е дека либерализмот е претставен од сите освен Русија, (САД, НАТО, Евромајдан, хунатата во Киев). Па така ги ресетира комунизмот и фашизмот. Путин е советски агент од КГБ. Оваа слика ќе биде продавана на најглупата западна публика. Но некои аспекти од патриотската реакција од страна на проруските и антибандерското (Степан Бандера лидер на ОУН-УПА, формација за време на Втората светска војна кој извршува злосторства против Полјаците, Русите и Белорусите за време на нацистичката окупација на СССР. Правиј сектор или Десниот сектор кој го изврши државниот удар во Украина се директни следбеници на оваа организација. Има своја формација во редовите на нацистите наречена Галичина СС – м.з.) население со актите на одбрана на спомениците на Ленин и истакнувањето на портрети од Сталин, ќе ја потрепат оваа слика. Нацизмот и фашизмот се далеку од Путин и модерната Русија, но рускиот национализам и рускиот империјализам ќе бидат испровоцирани и разбудени во екот на креирањето на Големото Зло (Русија). Па така Путин е националист, фашист и империјалист. Ова ќе проработи на другите западни општества. Путин може да биде двете, комунист и болшевик во истото време, па ќе биде претставен како национал-болшевик (но тоа е малку комплицирано да се продаде на комплтно игнорантната постмодерна западна публика). Очигледно е дека во реалноста, Путин не е ниту комунист ниту фашист ниту двете. Тој е политички реалист (во смислата на интернационалните односи, тоа е причината зошто тој го сака Кисинжер и Кисинжер го сака Путин). Тој нема никаква идеологија. Но тој ќе биде обврзан да ја креира идеолошката рамка. Тоа не е негов избор. Такви се правилата на играта. За време на војната против Русија, Путин ќе биде ставен во рамка и тоа е најинтересниот и најстрастниот аспект на целата ситуација.

Главната идеја со која што либералите ќе пробаат да го дефинираат Путин идеолошки, е како сенка од минатато, како вампир „понекогаш тие се враќаат“ (сенката и вампирот – м.з.). Ова е причината на чекорот назад за да се спречи имплодирањето на либерализмот. Главната порака е либерализмот дека тој е навистина жив и полн со сила, бидејќи има нешто во светот од кое што ќе мора да бидеме слободни. Русија ќе биде објектот на ослободување. Целта е да се ослободи Украина (Европа, човештвото) од Русија, за на крајот да се ослободи Русија од самата себе си, т.е. од својот нелиберален идентитет. Па така, сега либерализмот има непријател. Таквите непријатели му даваат причина на либерализмот да постои уште еднаш. Па така Русија е предизвикот на прелибералното минато, фрлено во либералната сегашност. Без таков предизвик нема повеќе живот во либерализмот, нема повеќе Поредок во светот, се ќе се распаѓа и имплодира. Со таков предизвик џинот на глобализацијата која што паѓа добива нова енергија. Русија е тука да ги спаси либералите. Но за да се направи ова, Русија мора да биде идеолошки ставена во рамка како нешто предлиберално. Па така таа ќе биде комунистичка, фашистичка или на крајот национал-болшевистичка. Тоа е идеолошкото правило. Па така, борејќи се со Русија или само земајќи ја во предвид војната, или да не се води војна воопшто има една цел, а таа е да се стави Русија во идеолошка рамка. Ќе биде направено од внатре и од надвор. Тие ќе се обидат да ја обврзат Русија да го прифати комунизмот или национализмот или ќе биде наместена дека е комунистичка или националистичка. Ова е игра на ставање во рамка.

Постлиберална Русија, првата „Четврта политичка теорија“ војна

Што предлагам за заклучок.

Ние треба свесно да се избориме против секој обид да се стави Русија во рамка како прелиберална сила. Ние треба да не им дозволиме на либералите да се спасат себе си од нивниот фатален крај. Ние не треба да го успориме тој процес, треба да го забрзаме. За да ја постигнеме таа цел ние треба да ја претставиме Русија не како прелиберален објект, туку како постлиберална револуционерна сила која се бори за алтернативна иднина за сите луѓе на планетата. Војната со Русија нема да биде за руските национални интереси туку за мултиполарен свет, за вистинско достоинство и вистински позитивни слободи, не слобода ОД, туку слобода ЗА. Русија во оваа војна ќе стане пример за одбрана на Традицијата, конзервативните огрански вредности, вистинско ослободување од точното отворено општество и сите левитијани, т.е. глобалната финансиска олигархија. Оваа војна не е против Украина или против дел од Украинците. Не против Европа. Ова војна е против либералниот светски (не) поредок и ние нема да го спасиме либерализмот туку ќе го убиеме еднаш засекогаш. Модерната беше во голема грешка. Ние сме крајната точка на Модерната. За сите тие кои што ја направија Модерната своја судбина или дозволија тоа да биде направено несвесно, ова ќе значи вистински крај. Но за тие што се на страната на вечната вистина на Традицијата, на Верата, на духовното и бессмртното човечко битие, ова ќе биде Нов почеток.

Најважната борба сега е да се бориме за „Четвртата политичка теорија“. Тоа е наше оружје, со кое што ние ќе спречиме Путин да биде ставен во рамка како што тоа го сакаат либералите, и да ја реафирмираме РУсија како прва постлиберална идеолошка сила, која се бори против нихилистичкиот либерализам за поради отворена мултиполарност и навистина слободна иднина.