БАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ НА ЕВРОАЗИСКАТА ДОКТРИНАРНА ПЛАТФОРМА
Primary tabs
БАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ НА ЕВРОАЗИСКАТА ДОКТРИНАРНА ПЛАТФОРМА
Според 71% од испитаните руски граѓани, Русија и припаѓа на посеба – „евроазиска“ или православна – цивилизација и затоа таа не го следи западниот начин на развој. Само 13% ја сметаат Русија за западна цивилизација. (Истражување на VCIOM, Серуски центар за истражување на јавното мислење, 2-5 ноември 2001)
Здивот на епохата
Секоја историска епоха има свој сопствен особен „систем на координати“ – политички, идеолошки, економски и културно.
На пример, 19 век во Русија помина во знакот на оспорувањата помеѓу „славофилите“ и „прозападните“ (западники). Во 20 век вододелницата помина помеѓу „црвените„ и „белите“. Дваесет и првиот век ќе биде век на спротивставеност помеѓу „атлантистите“* (поддржувачите на „униполарниот глобализам“**) и „евроазијците“***
* Атлантизам – геополитички термин кој означува:
- од историска и геополитичка гледна точка, Западниот сектор на светската цивилизација;
- од воено-стратегиска гледна точка, земјите-членки на НАТО (на прво место САД);
- од културолошка гледна точка, обединетата информативна мрежа создадена од западните медиумски империи;
- од социјална гледна точка, „пазарниот систем“, прокламиран за апсолут кој ги отфрла сите различни облици на организација на економскиот живот.
- Атлантисти – стратези на Западната цивилизација и нивните свесни следбеници кои стремат кон ставање на целиот свет под контрола, наметнувајќи ги социјалните, економските и културните стереотипи типични за Западната цивилизација на сето останато човештво. Атлантистите сакаат да изградат „нов светски поредок“ – безпреседански светски систем во кој ќе профитира едно апсолутно малцинство од планетарната популација, таканаречената „златна милијарда“.
** Глобализам - процесот на градење на „новиот светски поредок“, во чиј центар стојат политичко-финансиските олигархиски групи на Западот, се нарекува глобализација. Жртви на овие процеси се суверените држави, националните култури, религиските доктрини, економските традиции, манифестациите на социјална правда, животната средина – секоја духовна, интелектуална и материјална различност на планетата. Терминот „глобализам“ во вообичаениот политички речник само „униполарен глобализам“, односно не претопувањето на различните култури, социјално-политички и економски системи во нешто ново (како што тоа би бил „мултиполарниот глобализам“, „евроазискиот глобализам“), како наметнување на западните стереотипи врз човештвото.
*** Евроазиство (во најширокото значење) – основен геополитички термин кој означува:
- од историска и географска гледна точка, целиот свет, освен Западниот сектор на светската цивилизација;
- од воено-стратегиска гледна точка, сите земји кои не ги одобруваат експанзионистичките политики на САД и нивните НАТО партнери;
- од културолошка гледна точка, заштитата и развојот на органистичките национални, етнички и религиозни културни традиции;
- од социјална гледна точка, различните облици на економски живот и „socially just society“
- Евроазиството ( во неговото стриктно историско значење) е философска струја која се појави во 1920-те меѓу руските емигранти. Негови основачки автори се Н.С. Трубецкој, П.Н. Савицки, Н.Н. Алексеев, В.Г. Вернадски, В.И. Иљин, ПП. Сувчински, Е. Хара-Даван, Ј. Бромберг и други. Од 1950-те и 1980-те оваа струја доживеа натамошен развој и продлабочување од страна на Л.Н. Гумиљов.
- Неоевроазиство – се појави кон крајот на 1980-те (основач беше философот А.Г. Дугин) и го прошири обемот на традиционалниот концепт на евроазиството, комбинирајќи го со нови блокови на идеи и методологии – традиционализам, геополитика, метафизика, „Нова десница“, „Нова левица“, “третиот пат“ во економијата, теоријата за „правата на народите“, екологија, онтолошка философија, есхатолошкиот вектор, новото сфаќање на универзалната мисија на руската историја, парадигматската перспектива на историјата на науката итн.
Против воспоставувањето на атлантистички светски поредок и глобализација стојат поддржувачите на мултиполарниот свет – евроазијците. Евроазијците го бранат принципот на неопходност од зачувивање на постоењето на секој народ на земјата, расцветаната различност на култури и религиски традиции, безпоговорното право на народите независно да го изберат својот пат на историски развиток. Евроазијците ја поздравуваат целокупноста од култури и системи на вредности, отворениот дијалог меѓу народите и цивилизациите, органската комбинација помеѓу предаденоста на традициите и креативниот импулс. Евроазијци не се само претставниците на народите кои живеат на Евроазискиот континент. Да се биде евроазиец претставува свесен избор кој значи комбинација на аспирацијата да се заштитат традиционалните облици на живот со аспирацијата за слободен креативен (социјален и личен) развој.На тој начин, евроазијците се сите слободни креативни личности кои ги потврдуваат вредностите на традицијата; меѓу нив се исто така претставниците на оној регион кој објективно ги формира основите на атлантизмот. Евроазијците и атлантистите се меѓусебно спротивставени речиси во сé. Тиа бранат две различни, алтернативни, меѓусебно исклучиви слики за светот и неговата иднина. Спротивставеност помеѓу евроазијците и атлантистите ја дефинираат историската шема на 21 век.
Евроазиската визија за идниот свет
Евроазијците доследно го бранат принципот на мултиполарност, застанувајќи против униполарниот глобализам наметнат од атлантистите.
Половите на тој нов свет нема да бидат традиционалните држави, туку некои нови интегрирани цивилизациски формации („големи пространства“), обединети во „геоекономски појаси“ („геоекономски зони“). Според принципот на мултиполарност, иднината на светот е замислена како рамноправни, благонаклонети партнерски односи помеѓу сите држави и народи, организирани – според принципот на блискост во смисла на географија, култура, вредности и цивилизација – во четири геоекономски појаси (секој од нив составен од некои „големи пространства“)
Евро-Африканскиот појас, кој вклучува три „големи пространства“: Европската Унија, Исламско-арапска Африка, субтропска (црната) Африка;
Азиско-Пацифичкиот појас, кој ги вклучува Јапонија, земјите од Југоисточна Азија и Индокина, Австралија и Нов Зеланд;
Евроазискиот континентален појас, кој вклучува четири „големи пространства“: Русија и земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД), земјите на континенталниот ислам, Индија и Кина;
Американскиот појас, кој вклучува три „големи пространства“: Северна Америка, Централна Америка и Јужна Америка.
Благодарение на таквата организација на светскиот простор, глобалните конфликти, крвавите војни и екстремните облици на спротивставеност кои му се закануваат на самото постоење на човештвото, стануваат одвај можни.
Русија и нејзините партнери во Евроазискиот континентален појас ќе воспостават хармонични односи не само со соседните појаси (Евро-Африканскиот и Азиско-Пацифичкиот), туку исто така и со појасот кој е антипод – АМериканскиот појас, кој исто така ќе биде повикан да игра конструктивна улога во Западната хемисфера во контекст на мултиполарната структура.
Таква визија за иднината на човештвото е во спротивност со глобалистичките планови кои стремат кон создавање на униполарен, стереотипизиран свет под контрола на олигархиските структури на Западот кои застапуваат перспектива за создавање на „светска влада“.
Евроазиската визија за еволуцијата на државата
Евроазијците ја сметаат државата-нација, со нејзините денешни особини, како еден застарен облик на организација на просторот и народите, типичен за историскиот период од 15 до 20 век. На местото на државите-нации мора да изникнат нови политички формации, комбинирајќи ја во себе стратегиското обединување на големите пространства со комплексниот повеќедимензионален систем од национални, културни и економски автономии внатре во нив. Некои одлики на таквата оргазнизација на пространствата и народите можат да се видат и во древните империи од минатото (ма пример, империјата на АЛександар Македонски, Римската Империја итн.) како и во нејновите политички структури (Европската Унија, ЗНД).
Современите држави денес се соочуваат со следниве перспективи:
1. Самоликвидација и интеграција во единствен планетарен простор под доминација на САД (атлантизам, глобализација);
2. Спротивставување на глобализацијата, обидувајќи се да ги зачуваат своите сопствени административни структури (формална сувереност) наспроти глобализацијата;
3. Влегување во супрадржавни формации од регионален вид („големи пространства“) врз основа на историско, цивилизациско и стратегиско заедништво.
Третата варијанта е евроазиската. Од гледна точка на евроазиската анализа, тоа е единствениот начин на развој способен да ги зачува сите највредни и изворни одлики кои современите држави ги имаат како самоодбрана пред лицето на глобализацијата. Самата конзервативна аспирација за зачувување на државата по секоја цена е осудена на пропаст. Свесната ориентација на политичкото водство на државите за претопување во глобалистичкиот проект од страна на евроазијците се смета за одрекување на оние заемни вредности чија заштита беше должност на историските држави во однос на нивните субјекти.
Дваесет и првиот век ќе биде арена на фаталното решение на современите политички елити во однос на проблемот со трите можни исходишта. Битката за третата варијанта на развој лежи како основа на една нова широка меѓународна коализија на политички сили, во согласност со евроазискиот светоглед.
Евроазијците Руската федерација и ЗНД ги зматаат за јадро на надоаѓачката автономна политичка формација – „Евроазиската Унија“ („јадрото Евроазија“) и натаму, како еден од четирите основни светски геоекономски појаси („Евроазискиот континентален блок“).
Во исто време, евроазијците се убедени поддржувачи на развитокот на еден повеќедимензионален систем на автономии*.
*Автономија (старогрчки: самоуправување) – облик на природна организација на заедница на луѓе, обединети со какво било природно обележје (национално, религиозно, професионално, семејно итн.). Карактеристична одлика на автономијата е најшироката слобода во оние сфери кои не ги засегаат стратегиските интереси на политичките формации со континентална димензија.
Автономијата му е спротивставена на суверенитетот – карактеристика на организациите на луѓето и просторите типични за државите-нации во нивниот сегашен облик. Во случајот со сувереноста, ние имаме работа со приоритетно право на слободно и независно уредување на територијата; автономијата претпоставува независност за прашањата на организација на заедничкиот живот на народите и регионите кои не се поврзани со уредување на територијата.
Принципот на повеќедимензионална автономија се гледа како оптимална организациска структура на животот на народите, етничките и социјално-културолошки групи, во Руската Федерација како и во Европската Унија, во „Евроазискиот континентален појас“ како и во сите останати „големи пространства“ и „геоекономски појаси“ („зони“).
Сите земји (територии) на новите политичко-стратегиски формации („големи пространства“) мораат да бидат засновани под директно управување од еден центар на стратегичко владеење. Внатре во компетенцијата на автономијата мора да има прашања поврзани со нетериторијалните аспекти на владеењето на колективите.
Евроазискиот принцип на поделба на силите
Евроазискиот принцип на политичко управување претпоставува две различни нивоа на владеење: локално и стратегиско.
На локално ниво, владеењето се носи преку автономиите – се разбира составени од асоцијации од различен вид (од повеќемилионските народи до малите колективитети создадени од по неколку работници). Владата делува според апсолутна слобода и не е раководена од каква било друга супериорна инстанца. Моделот за секоја вид автономија се избира слободно, произлегува од традицијата, наклонетоста, директниот демократски израз на волјата на органските колективитети – општества, групи, религиозни организации.
Под владеење на автономиите се наоѓаат:
· цивилните и административни прашања,
· социјалната сфера,
· образованието и медицинските служби,
· сите сфери на економска активност.
т.е. сé што е надвор од стратегиските гранки и оние прашања кои ја засегнуваат безбедноста и територијалниот интегритет на „големите пространства“.
Нивото на граѓански слободи, благодарение на организацијата на општеството според евроазискиот принцип на автономија, е безпреседански високо. На човекот му се дадени можности за самореализација и креативен развој досега невидени во историјата на човештвото.
Прашањата за стратегиската независност, меѓународните активности над рамката на самиот континентален појас, макроекономските прашања, контролата врз стратегиските ресурси и комуникации – се наоѓаат под управа на единствен стратегиски центар*.
*Единствен стратегиски центар – вообичаена дефиниција за сите оние инстанци кои остваруваат контрола врз стратегиското регионално владеење на „големите пространства“. Тоа е строго хиерархиска структура која комбинира елементи од воените, правните и административните кабинети. Тој е столбот на геополитичкото планирање и владеење на „големите пространства“.
Сферите на компетеност на стратегиското и на локалните нивоа се строго ограничени. Секој обид за внесување на автономија во прашањето кои се под компетентност на единствениот стратегиски центар морат да бидат спречени. Различностите се исто така можни.
На овој начин, евроазиските принципи на владеење органски се комбинираат во меѓусебно традиционални и религиски права, национални и локални традиции, ги земаат предвид сите богатства на социјално-политичките режими кои се формирале во текот на историјата, и затоа нудат солидна гаранција за стабилност, безбедност и територијална неповредливост.
Евроазиската визија за економијата
Атлантистичкиот стремеж за наметнување врз сите народи на единствен модел на економска конструкција го издигна искуството на екномскиот развој на западниот дел од светската цивилизација во 19 и 20 век до статус на стандард.
Наспроти тоа, евроазијците се убедени дека економскиот режим произлегува од историските и културните карактеристики на развојот на народите и општествата; следствено, во економската сфера тие се залагаат за различија, плуралност на режимите, креативно истражување, слободен развој.
Субјект на строга контрола мола да биде само големата скала на стратегиски области, поврзани во потребата да се обезбеди општа безбедност (воено-индустрискиот комплекс, транспортот, ресурсите, енергијата, комуникациите). Сите останати економски сектори мора слободно и органски да се развиваат според условите и традициите на конкретните автономии во кои економската активност се одвива.
Евроазиството доаѓа до заклучок дека на полето на економијата нема ултимативна вистина – рецептите на либерализмот* и марксизмот* моѓат да бидат само делумно применети, во зависност од конкретните услови. Во практика, она што е потребно е да се комбинираат различни патишта кои слободниот пазар ги прифаќа со контрола врз стратегиските области и да се раководи со распределбата на профитите според националните и социјалните стремежи на општеството како целина. На тој начин, евроазиството се прилагодува на моделот на „третиот пат“* во економијата.
*Либерализам – економска доктрина која застапува дека само најголемата слобода на пазарот и приватизацијата на сите економски инструменти ги создава оптималните услови за економски раст. Либерализмот е догматска економска доктрина на атлантистите и глобалистите.
**Марксизам – економска доктрина која застапува дека само во целосната контрола на економскиот процес од страна на некоја општествена инстанца, логиката на задолжително генерално планирање, како и рамноправната распределба на вишокот производство помеѓу сите членови на општеството (колективизам) можат да лежат економските основи на еден свет. Марксизмот ги отфрла пазарот и приватната сопственост.
***Економија на Третиот пат – збир од економски теории кои го комбинираат пазарниот пристап со одреден удел на регулирана економија врз основа на такви или супраекономски критериуми и принципи.
Економијата на евроазиството мора да се изгради врз следниве принципи:
· субординација на економијата кон некои повисоки цивилизациски духовни вредност;
· принцип на макроекономска интеграција и распределба на трудот на скалата на „големите пространства“ („царинска унија“);
· создавање на единствен финансиски, транспортен, енергетски, производствен и информатички систем внатре во Евроазискиот простор;
· диференцирани економски граници со соседните „големи пространства“ и „геоекономски зони“;
· стратегиска контрола на центарот врз гранките кои го формираат системот и паралелна максимална слобода на економската активност на ниво на средни и мали бизниси;
· органска комбинација на облиците на раководење (пазарна структура) со општествените, националните и културните традиции на регионите (отсуство на униформиран економски стандард во средните и големи претпријатија).
Евроазиската визија за финансиите
Единствениот стратегиски центар на Евроазиската Унија мора да го смета како стратегиски релевантно исто така и прашањето за контрола врз монетарниот тек. Ниту еден начин на плаќање не може да претендира на улогата на универзална светска валута. Неопходно е да се создаде погодна евроазиска валутна резерва, која ќе биде легална понуда на териториите кои и припаѓаат на Евроазиската Унија. Ниту една друга валута нема да биде употребувана во Евроазиската Унија како валутна резерва. Од друга страна, на секој начим мора да се охрабрува создавањето на локални средства за плаќање и размена, која ќе биде легална понуда внатре во една или повеќе од една соседни автономии. Оваа мерка го спречува таложењето на капитал за шпекулативни намени и и ја стимулира нејзината циркулација. Освен тоа, тоа ја зголемува стапката на инвестиции во реалниот сектор на економијата. Затоа, фондовите ќе се инвестираат таму каде што тие најмногу можат да бидат искористени.
Во евроазискиот проект, финансиската сфера се гледа како инструмент на реалното производство и размена, насочувани кон квалитативната страна од економскиот развој. Различно од атлантистичкиот (глобалистичкиот) проект, финансиската сфера не смее да има автономија (финансијализам*) од каков било вид.
*Финансијализам – економски систем на капиталистичкото општество во неговата постиндустриска фаза, кој е логичен резултат на неограничениот развој на либералните принципи во економијата. Негова одлика е дека реалниот сектор на економијата станува подреден на виртуелните финансиски операции (берзи, пазари на хартии од вредност, портфолио инвестиции, операции со меѓународна одговорност, иднински трансакции, шпекулативни прогнози на финансиските трендови итн.) Финансијализмот зависи од монетарните политики, одвојувајќи ја монетарната сфера (светски валутни резерви, електронски пари) од производството.
Регионалната визија на мултиполарниот свет претпоставува различни валутни нивоа:
· геоекономска валута (пари и хартии од вредност кои се легална понуда внатре во една дефинирана геоекономска зона, како инструмент за финансиски односи помеѓу стратегиските центри на повеќе „големи пространства“);
· валута на „големото пространство“ (пари и хартии од вредност кои се легална понуда во едно дефинирано „големо пространство“ – особено во Евроазиската Унија – како инструмент за финансиски односи помеѓу автономиите);
· валута (различна од еквивалентот за размена) на ниво на автономиите.
Во врска со оваа шема која ги третира финансиско-кредитните институции мора да се организираат (банки) регионални банки, банки на „големите пространства“, банки (и нивен еквивалент) на автономиите.
Евроазискиот став кон религијата
Во верата кон духовното наследство на пророците, во големата вредност на религиозниот живот, евроазијците гледаат симбол на автентична обнова и хармоничен општествен развој. Аѕлантистите во принцип одбиваат да видат било што освен ефемерното, минливото, сегашното. За нив, суштински не постојат ниту минато ниту иднина. Философијата на евроазиството, наспроти тоа, ја комбинира длабоката искрена вера од минатото со една отворена атитуда кон иднината. Евроазијците ја поздравуваат верноста на изворите исто како и слободното креативно истражување. Духовниот развој за евроазијците е главен приоритет во животот и неговото отсуство не може да биде заменето со економски или социјални добра.
Во мислењето на евроазијците, секоја локална традиција или систем на вера, дури и најбезначајните, претставуваат наследство на човештвото. Традиционалните религии на народите, поврзани со различни духовни и културни наследства, заслужуваат најголема нега и грижа. Претставничките структури на традиционалната религија мораат да се задолжат себеси во поддрѓка на стратегиските центри. Шизматичките групи, екстремните религиозни асоцијации, тоталитарните секти, проповедниците на нетрадиционалните религиозни доктрини и учења, како и сите други сили ориентирани кон уништување мораат да бидат активно опонирани.
Евроазиската визија за националното прашање
Евроазијците сметаат дека секој народ на светот – од оние кои формираат големи цивилизации до оние помалите кои внимателно ги чуваат нивните традиции – претставува непроценливо богатство. Асимилацијата преку надворешно влијание, губењето на јазикот или традиционалниот начин на живот, физичкото истребување на кој било од народите на Земјата претставуваат непоправлива загуба за целото човештво. Богатството од народи, култури, традиции од страна на евроазијците се нарекува „расцветана комплексност“ – знак за здрав, хармоничен развој на човечката цивилизација.
Големорусите, во врска со ова, претставуваат уникатен случај на спојување на три етнички компоненти (Словенска, Турска и Угро-финска) во еден народ, со една изворна традиција и богата култура. Самиот факт за настанувањето на Големорусите од синтеза на три етнички групи содржи еден интеграциски потенцијал од исклучителна вредност. Од таа иста причина, Русија, повеќепати станува јадрото на сојузот на многу различни народи и култури во една единствена цивилизациска испреплетеност. Евроазијците веруваат дека Русија е предодредена да ја игра истата улоига и во 21 век.
Евроазијците не се изолационисти, на иста сметка тие по никоја цена не се поддржувачи на асимилација. Животот и судбината на народите е органски процес кој не толерира никакво вештачко мешање. Меѓуетничките и меѓународните прашања мораат да бидат решени според нивната внатрешна логика. Секој народ на Земјата мора да биде слободен независно да ги прави своите историски избори. Никој нема право да присилува кој било народ да ја изгуби својата посебност во „глобалниот лонец за претопување“, како што атлантистите би сакале.
За евроазијците, правата на народите не се помалку важни од човековите права.
Евроазија како планета
Евроазиството е светоглед, философија, геополитички проект, економска теорија, духовно движење, јадро околу кое се консолидира широк спектар на политички сили. Евроазиството е ослободено од догматизам, од слепо потчинување на авторитетите и идеологиите од минатото. Евроазиството е идеална платформа на жителот на новиот свет за кој кавгите, војните, конфликтите и митовите од минатото имаат сé освен историски интерес. Евроазиството како принцип е нов светоглед за новите генерации на новиот милениум. Евроазиството својата инспирација ја црпи од различните философски, политички и духовни доктрини, кои досега се појавуваа како реципрочно непомирливи и некомпатибилни.
Заедно со ова, евроазиството има одреден збир од базични основачки идеи, од кои не може да се отстапува по никоја цена. Еден од главните принципи на евроазиството е доследното, активно и широкораспространето спротивставување на униполарниот глобалистички проект. Ова спротивставување (различно од едноставната негација или конзервативизам) има креативен карактер. Ние сфаќаме дека неизбежноста на некои одредени историски процеси: наѓа цел е да бидеме свесни за нив, да учествуваме во нив, да ги наведуваме во онаа насока која кореспондира со нашите идеали.
Може да се каже дека евроазиството е философија на мултиполарната глобализација која ги повикува на здружување сите општества и народи на земјата да изградат еден изворен и автентичен свет, чија секоја компонента органски произлегува од историските традиции и локалните култури.
Историски, првите евроазиски теории межу руските мислители се појавија на почетокот од 20 век. Но тие идеи беа согласни со духовната и философската потрага на сите народи на земјата - барем оние кои сфатија дека ограничувањето и неадекватната природа на баналните догми, пропаѓањето и ќорсокакот во кои интелектуалните клишеа беа огрдени, потребата да се побегне од вообичаените рамки кон нови хоризонти. Денес, ние треба да придонесеме кон евроазиството со едно ново, глобално значење; ние можеме да сфатиме како нашето евроазиско наследство не е работата само на руската школа, почесто идентификувана под ова име, како енормна културолошка и интелектуална вена на сите народи на земјата кои стриктно не припаѓаат во тесната рамка на она што до неодамна (во 20 век) се сметаше како непроменлива ортодоксија (либералите, марксистите и националистите).
Во ова највисоко и најшироко значење, евроазиството достигнува едно ново извонредно значење. Денес не е само обликот на националната идеја во новата посткомунистичка Русија (како што тоа се сметаше од страна на татковците-основачи на движењето и на современите неоевроазијци во прв ред), како широка програма со универзална планетарна релевантност, преку далекусежно проширување на границите на Русија на истиот тој Евроазиски континент. На ист начин како и концептот на „американизам“ денес може да се примени на географските региони основани зад границите на истиот тој Американски континент, „евроазиството“ означува специфичен цивилизациски, културолошки, философски, стратегиски избор, кој може да се направи од секој претставник на човечката раса, каде и да било на планетата да се наоѓа точката на неговото живеење, или националната и духовната култура на која тој припаѓа.
Со цел на ова значење на евроазиството да му се обезбеди реална содржина, има уште многу што треба да се направи. И до степен на кој сé понови и понови културни, национални, философски и религиозни слоеви ќе се придружат во нашиот проект, истото глобално значење на евроазиството ќе биде проширено, збогатено, изменето во неговите карактеристики... Таквата еволуција на чувството на евроазиската платформа не смее да остане само теоретско прашање – многу аспекти можат да го најдат својот израз и постигнување само преку конкретна политичка пракса.
Во евроазиската синтеза, ниту светот може да се мисли без акција, ниту пак акцијата без светот.
Полето на духовната битка за истото чувство и исходот на историјата е целиот свет. Изборот на некој камп припаѓа на секоја личност. Времето ќе реши за останатото. Порано или подоцна, преку големи достигнувања и по цена ба драматични битки, часот на Евроазија ќе дојде.