ЕВРОАЗИЈА НАД СЕ
Во нашето руско* општество – особено во општествената и политичката сфера – на почетокот на новиот милениум дефицитот од идеи е болно пуст. Мнозиснството од луѓето, вклучително и владетели, политичари, научници, работници – во животот, во политичкиот избор се водат според збир на моментални фактори, привремени грижи, минливи ефемерни поттици. Ние брзо губиме секаква претстава за смислата на животот, за логиката и историјата, за човековите проблеми, за судбината на светот.
Егзистенцијалниот и општествениот избор се заменети со агресивна пропаганда. На местото на значајна и одговорна политичка идеологија стојат некои ефективни (или инфективни) ПР-и. Резултатот од битката на идеи е одреден од големината на инвестициите во забавата. Драматични судири на народи, култури и религии се втурнати во шоуа инспирирани од транснационални корпорации и нафтени холдинзи. Човечката крв, човечкиот живот, човечкиот дух стануваат статистичка апстракција, консумерска потрошувачка, а во најдобар случај – демагошка фигура во говор слаткоречиви и двосмислени хуманитарни ламентации кои кријат двоен стандард. На местото на тоталитарната униформираност дојде тоталитарна рамнодушност. Мнозинството од политичките партии и формализирани општествени движења бркаат тактички цели. Практично никаде не може да се најде експлицитна и конеквентна идеологија способна да го зграпчи човека од спиечката индиферентност, да го направи животот вреден за живеење.